Кој сме ние?

Black Shark е компанија со врвна гејминг технологија која развива гејминг еко-систем од 360 степени, заснован врз хардвер, софтвер и услуга. Ова сега го изведуваат нашите водечки гејминг паметни телефони. Наша крајна цел е да и обезбедиме ненадминливо гејминг искуство на нашата меѓународна корисничка база и да го создадеме најдобриот гејмерски свет со глобални гејмери.

Зошто сме овдe?

Веруваме дека мобилните игри имаат неограничен потенцијал, но дека индустријата ја ограничуваат неинспиративни телефони за игри. Совршениот гејмерски телефон не подразбира само моќен хардвер – тоа е и врвна иновација, рафинирана структура и дизајн, префинет софтвер и услуга насочена кон гејмери. Ние во Black Shark се фокусираме на сите овие аспекти за да создадеме не само најмоќен телефон за игри во светот, туку и зачудувачка заедница на гејмери.

Веруваме дека мобилниот гејминг е иднина, само треба да биде поттикнат и поддржан од вистинските луѓе. Ние ја оживуваме оваа индустрија со иновации, создавајќи го првиот бренд на паметни телефони во светот што воведе течно ладење кое овозможи врвни професионални перформанси и чип посебено наменет за обработка на слики и добивање ненадминливи визуелни содржини. Ние работиме на поддршка на е-спортовите, онлајн игрите и стриминг заедниците, бидејќи веруваме дека игрите имаат неверојатна можност да ги зближат луѓето. Тука сме да бидеме дел од револуцијата. 

Добре дојдовте во Rebellion.

Историја на брендот

BlackShark About
Ноември 2018 година

Глобална презентација на брендот Black Shark

Со совршен телефон за игри, сè е во моќен хардвер, најнова иновација, моќна изработка и дизајн, полиран софтвер и искуство ориентирано кон игри. Ние се фокусиравме на сите овие аспекти не само за да создадеме најмоќен гејмерски телефон во светот, туку и неверојатна заедница на играчи.