Qualcomm® Snapdragon™ 870
LPDDR5 RAM + UFS3.1 меморија
Хипер-брзо полнење до 120W
Батерија од 4500mAh
Магнетни Pop-Up Trigger тастери
Сигурна команда на допир
Брзина на освежување 144Hz
Одговор на допир 720Hz
Унапреден „Сендвич“
систем за течно ладењe
JOYUI 12.5 OS
Дизајниран за гејминг
Дизајнот на Black Shark 4's е како нинџа, моќен но суптилен.
Со резбарена метална рамка и холографска позадина, тоа е стилски дизајн за денешниот мобилен гејмер.
Физички тастери? Да, молам. Благодарение на нашата иновативна технологија за магнетно дигање, тригерите со ултра-брза реакција се појавуваат како магија, со нежен притисок за прецизна и прилагодлива контрола во гејминг натпреварот. Кога не се користат, тригерите исчезнуваат назад во работ на Black Shark 4.
Брзината на освежување од 144Hz што ги штити очите и осетот на допир со фреквенција дури до 720Hz му даваат на Black Shark 4 најмало доцнење на одговорот на допир од само 8,3ms за мазен и брз гејминг.
Целосно опремен со комплетната Snapdragon Elite Gaming™ технологија, Snapdragon™ 870 ги забрзува обработките за 12% i ја покачува GPU брзината за 10%, давајќи врвни мобилни перформанси.
Играјте во континуитет, без намалување на перформансите. Конструирани со патентирана технологија за заварување, двете единици за течно ладење во сендвич ги опфаќаат внатрешните компоненти и степенот на одземање топлина го покачуваат за 30%.
Игрите и апликациите започнуваат веднаш благодарение на неверојатно брзаите RAM и мемории за складирање на Black Shark 4, додека оптимизациите на системот го прават пренесувањето датотеки побрзо од кога било досега.
Полнење до 100% за помалку од 17 минути
Напојувана од нашата оригинална нова eSports технологија на батерии со двојни ќелии, батеријата на Black Shark 4 со супер капацитет од 4500mAh со ултра-брзо полнење од 120W обезбедува целодневна игра и забава.
(Доаѓа со 67W стандарден полнач во кутијата. Полнете до 100% за помалку од 25 минути.)
Без разлика дали играте игри online или ги преземате омилените емисии, доживејте го сето тоа кристално јасно со јака и живописна боја. Следната генерација на 6.67” AMOLED дисплејот на Black Shark 4 ја подобрува осветленоста, точноста на бојата и перформансите на батеријата во споредба со претходните дисплеи.
5,000,000:1 контраст
1,300nit висок динамички опсег (HDR)
HDR10+ oсветлување
DCI-P3 палета на бои
15% покачена ефикасност на батеријата
MEMC динамичко движење
SA/NSA dual-mode 5G и WiFi 6 овозможуваат најголеми достапни брзини за размена на податоците, било да сте дома или во движење. Интелигентниот избор и приклучување на мрежа ви овозможува најголеми можни брзини во секој момент.
Black Shark 4 располага со двосиметрични стерео звучници, засилувач со голема моќ и предимензионирана звучна кутија за изненадувачки силен аудио во игри и филмови. Усогласена во партнерство со DTS и Cirrus Logic Technology, Black Shark 4 има одличен мобилен звучен систем за ваше уживање.
Со три индивидуални камери и софистициран програмски пакет за обработка на фотографија, Black Shark 4 е нашиот најнапреден систем на камери досега, со моќни карактеристики како фотографија од 60 рамки во секунда, 4K слики со висока резолуција, супер ноќна сцена, електронска стабилизација на слики (EIS) , и повеќе од наведеното.
Новиот JoyUI 12.5 базиран на MIUI2 го подобрува основното искуство.