Хипер полнење со 65 W
TrueView displej
True Hardware
DC Dimming tehnologija
Qualcomm Snapdragon 865
LPDDR5 + UFS 3.0
Фреквенција на освежување
од 90 Hz со MEMC технологија
Фреквенција на
откривање
на допир 270 Hz
„Сендвич“ систем
за течно ладење
Master Touch 3.0
SA+NSA 5G
Wi-Fi 6
Лесна контрола како и да ја држите конзолата
Задната страна на Black Shark 3 е симетрична и вертикално и хоризонтално, така да ја чувствувате рамнотежата помеѓу рацете. Задната страна на Black Shark 3 е извиена, а на двете благи испакнатини во форма на дијамант на задниот дел ја потпирате раката. Така можете лесно да го држите и контролирате уредот.
Уредот со најкратко доцнење на допирот во светот Ви е во рака
Најголемата фреквенција на откривање на допир од 270 Hz дава најкратко доцнење на допирот од 24 ms. Почувствувајте ги под прстите најбрзиот допир и најмазното лизгање досега.
Супериорна контрола за вас
Master Touch 3.0 Ви дава два тастери, тригери екстра осетливи на допир, за повеќе функции само со едноставен допир на екранот. Со двојно повеќе сензори за допир, Black Shark 3 попрецизно го препознава Вашиот допир дури и ако ја допрете ивицата на екранот.
5G гејминг вклучен
Со погон од најнапредната мобилна платформа Qualcomm Snapdragon 865, Black Shark 3 е брз и интелигентен. Во игрите, стримингот, пребарувањето и другите операции, недостижните CPU, GPU и 5G системот Ви овозможуваат искуство кое Ве остава без здив. AI Engine од петтата генерација ги обезбедува екстремните достигнувања на вештачката интелигенција во 5G гејмингот.
12GB максимум RAM меморија
256GB максимум SSD меморија
LPDDR5 следна генерација на RAM
UFS 3.0 флеш меморија
Револуција во ладењето
Четвртата генерација на Black Shark системот за течно ладење има револуционерна „Сендвич“ структура. SoC, WIFI сет чипови, 5G модерно коло за полнење и другите грејни компоненти се распоредени на двете страни од главната плоча, а две супер долги цевки за течно ладење ги покриваат обете страни на плочата и директно се допрени до компонентите. Топлината се шири истовремено од обете страни. Така ефикасноста на ладењето е подобрена за 50%.
Термо графитна плоча
Защита от медна сплав
Тръба за охлаждане с течност
Тръба за охлаждане с течност
Защита от медна сплав
Брзо вчитување, брзо играње
Black Shark 3 располага со UFS 3.0 RAM и LPDDR5 * ROM за да обезбеди податоците да се пренесуваат во телефонот со најголема брзина. Инсталирањето игри, вчитувањето игри и префрлувањето помеѓу сцените сега е побрзи отколку порано.
* Верзиите Black Shark 3 8GB + 128 GB поддржуваат LPDDR4X ROM
Двојна батерија од 4720 mAh
Black Shark 3 има систем со двојна батерија, прв во светот, со сериско полнење и паралелно празнење. Сериското полнење овозможува супербрзо 65W хипер полнење додека паралелното празнење обезбедува дополнително траење на батеријата за подолга употреба. Специјализираниот чипсет за полнење во Black Shark 3 паметно управува со процесите за да го максимизира системот со двојна батерија.
[12 минути до 50% 38 минути до 100%*]
Лесно полни, лесно играј
Четирите магнетни контакти на задниот дел на Black Shark 3 обезбедуваат дополнителен начин на полнење. Тој поддржува брзо полнење со 18W. И повеќе не треба да се грижите дека приклучокот за полнење од тип C, кој што се наоѓа на долната страна, ќе ви пречи да го држите уредот.
Стабилна врска во секоја секунда
Black Shark 3 поддржува 5G мрежи и на NSA и на SA. Исто така, го поддржува и најновиот Wi-Fi 6 стандард, кој што е за 270% * побрз од Wi-Fi 5 стандардот. Двојната „X“ антена околу рамката обезбедува најстабилна врска кога го држите телефонот со две раце. Дво-каналната врска на Black Shark 3 овозможува да останете поврзани со 5G и со Wi-Fi истовремено.
Помазно од било кога
Екранот за игри на Black Shark 3 има стапка на освежување од 90Hz, што ви ја прави сликата помазна од кога било. Технологијата MEMC по која функционира независниот чипсет за слика ги забрзува видеата од 25Hz на 90Hz, што Ви дава најдобар преглед дури и кога гледате нормална содржина.
Видете ја вистинската боја на светот на игрите
AMOLED екранот од 6,67 инчи на Black Shark 3 има една од највисоките точности на бојата. Со Delta E <1 и JNCD <0,55, ќе можете да ја видите вистинската боја во игрите и видеата.
Прегрнете ја удобноста
Екранот TrueView на Black Shark 3 ги прилагодува и осветленоста и топлината на бојата на екранот за да се совпаднат со светлото на околниот амбиент. Со тоа ќе имате поприроден преглед на екранот.
Со вистинскиот хардверски DC dimming, Black Shark 3 прикажува постојано осветлување наместо брзи трепкања со ниска осветленост, така што ќе можете да се чувствувате пријатно за време на маратонските гејминг сесии.
Слушај! Тие доаѓаат од оваа насока
Стерео звучниците на горниот и долниот дел на Black Shark 3 се свртени кон предната страна и имаат иста силина. Играчите не ќе треба да се грижат за блокирање на звукот додека играат. Со симетричните звучници можете да имате извонредно стерео аудио искуство.
(заснован на Android 10)
Дизајниран за гејминг
Врз основа на Андроид 10, целосно новиот JOYUI 11 ги комбинира најдобриот мобилен оперативен систем и најпрофесионално искуство со игри. Сосема новиот Shark Space обезбедува најбогати играчки функции, вклучувајќи ги Shark Time, Ludicrous Mode, Gamer Studio итн. и и максимално системско прилагодување за играчите.
Дизајниран за гејминг
Врз основа на Андроид 10, целосно новиот JOYUI 11 ги комбинира најдобриот мобилен оперативен систем и најпрофесионално искуство со игри.
Сними го мигот
Сосема новиот Shark Space има Shark Time, Ludicrous Mode, Gamer Studio и напредни системски прилагодувања за сите вас сериозни играчи.
13MP ултра-широкоаголен објектив
отвор на бленда f / 2,25
5MP камера за Боке ефект
отвор на бленда f / 2.2
64MP супер јасна камера
отвор на бленда f / 1,8,
1,6μm 4 во 1 супер пиксел