Black Shark 3

5G Gaming Trigger On

Ултимативен 5G гејминг телефон

Мастер тригери
Master Touch 3.0

270 Hz фреквенција
на откривање на допир

7.1” 2k+
сеопфатен екран

Висока фреквенција
на освежување од 90 Hz
MEMC технологија

Qualcomm Snapdragon 865
LPDDR5 + UFS 3.0

SA+NSA 5G
Wi-Fi 6

„Сендвич“ систем
за течно ладење

Хипер полнење со 65 W
Двојна батерија од 5000 mAh

Симетричен дизајн

360° kонтрола во полн опфат

Телефонот посигурно го држите и подобро го контролирате благодарејќи на двете испакнатини во форма на дијамант на задниот дел, со што се унапредува управувањето како и да играте. Симетричен и рамен, Black Shark 3 Pro дава балансиран осет за поцврста контрола.

Мастер тригери

Владејте ја контролата

Играта штотуку се смени со механичките тригери на Black Shark 3 Pro. Овој класичен дизајн ви овозможува да притиснете копче за да фотографирате, давајќи ви осет на прецизно контролиран истрел, што е слично на осетот при влечење на вистински ороз. 21mm долгото извиено копче ви овозможува пријатни полуавтоматски истрели и при повеќечасовно снимање.

Master Touch 3.0

Контролирајте со притисок

Master Touch 3.0 дава двојна функција со два дополнителни тастери чивата зона осетлива на притисок е за 48% поголема. Master Touch ви овозможува да подесите своја зона на допир која ќе ги активира командите на екранот само со притисок на прст. Опремен со двојно поголем број на сензори, Black Shark 3 Pro прецизно одговара на притисок дури и на работ на екранот, така да можете да лизгате и снимате како професионалец.

270Hz фреквенција на откривање на допир

Најкратко доцнење на допирот во светот Ви е во рака

Пробајте го најкраткото доцнење на допир во светот од 24ms, што дава зачудувачки брзи функции со 30% покачена флуидност. Засолнете се, преминете во напад, пуштете се до крај! Колку и да се луди движењата на прстите, бидете сигурни дека на 270Hz Black Shark 3 Pro ќе заостане само 24ms.

Мотор линеарен по X-оска

Немојтре само да стрелате, почувствувајте го истрелот

Целосно нурнете се во тактилното искуство со линеарниот мотор по X оската. Почувствувајте како играта Ви возвраќа со треперење низ прстите, додека истражувате и комуницирате со вашиот свет на игри.

Qualcomm Snapdragon 865

5G гејминг вклучен

Со погон од најнапредната мобилна платформа Qualcomm Snapdragon 865, Black Shark 3 Pro е сосема нова генерација на брзи и интелигентни уреди. 25% побрз CPU, GPU и 100% унапреден 5G систем овозможува искуство кое Ве остава без здив во игрите, стримингот, пребарувањето и другите операции. Петтата AI Engine генерација е позната по екстремно брза обработка и процесирање на слики што го воздигнува целото искуство со 5G игри.

12GB максимум RAM меморија

256GB максимум SSD меморија

LPDDR5 следна генерација на RAM

UFS 3.0 флеш меморија

„Сендвич“ систем за течно ладење

Ладна револуција

Победува во најтешките битки со топлината полесно од било кога. Четвртата генерација на Black Shark системот за течно ладење има револуционерна „Сендвич“ структура. SoC, WIFI сет чипови, 5G модерно коло за полнење и другите грејни компоненти се распоредени на двете страни од главната плоча. Две супер долги цевки за ладење со течност го покриваат јадрото на процесорот, директно допирајќи ги активните компоненти од двете страни, што ја прави областа за ладење 100% поголема и ја унапредува вкупната ефикасност на ладењето за 50%.

Термо графитна плоча

Защита от медна сплав

Тръба за охлаждане с течност

Тръба за охлаждане с течност

Защита от медна сплав

LPDDR5 + UFS 3.0

Започнете со нови изданија на игри побрзо од вашите пријатели користејќи UFS 3.0 RAM и LPDDR5 ROM, кои пренесуваат податоци со највисока брзина што мобилната телефонија мже да ја постигне. LPDDR5 ја дига брзината за цели 50% преку LPDDR 4X, правејќи ги инсталацијата и вчитувањето пократко од кога било досега.


Хипер полнење со 65W

Двојна батерија од 5000 mAh

Black Shark 3 Pro има систем со двојна батерија, прв во светот, со сериско полнење и паралелно празнење. Сериското полнење овозможува супербрзо полнење со 65W додека паралелното празнење овозможува 5000mAh за максимален ефект и подолг стабилен живот на батеријата. Специјализираниот чипсет за полнење на Black Shark 3 Pro ефикасно управува со протокот на енергија до системот со двојна батерија, постигнувајќи 100% полнење за само 38 минути и 50% полнење за 12 минути.

Порт за магнетно полнење од *18W

Лесно полни, лесно играј

Полнењето е практично, преку единствен порт за магнетно полнење од 18W, поставен на задниот дел од уредот. Полначот магнетски се поврзува со телефонот во слепа точка на играта за да можете да продолжите да играте во landscape мод, приклучувајќи го полначот без да ја прекинувате играта.

5G + Wi-Fi 6 со двојна „X“ антена

Нема оправдување за откажување

Black Shark Pro 3 поддржува NSA и SA 5G мрежи на фреквенции од 2,5GHz и 5GHz и Wi-Fi 6, што е за 270% побрз од стандардот Wi-Fi 5. 6 стратешки поставени Wi-FI точки ја сочинуваат „X“ антената, овозможувајќи чист пристап до Wi-Fi сигналите дури и кога играте со обете раце на телефонот. Користењето дво-канална врска со 5G и Wi-Fi овозможува истовремена и постабилна врска.

2K+ еkran od 7,1 инчи

Седиште во првиот ред

Во играта ќе Ве вовлече масивен екран од 7,1”, кој пријатно ќе го опфати Вашето видно поле во реалистичен гејмерски формат на слика. Ултра-висока резолуција од 3120*1440 ви дава јасна слика што чини да се чувствувате како да сте навистина дел од играта.

Фреквенција на освежување од 90 Hz со MEMC технологија

Помазно од било кога

Black Shark 3 Pro е помазен од кога било со стапка на освежување од 90Hz, намалувајќи го замаглувањето при движење. Технологијата MEMC по која функционира независниот чипсет за слика ги забрзува видеата од 25Hz на 90Hz, оптимизирајќи ја целата ваша видео содржина до флуидност од 90Hz.

10-битна боја со прецизност Delta E < 1

Вистинска слика на животот

Направете ја вашата игра платно обоено со 10-битна боја, што прикажува и до 1,07 милијарди тонови на бои за длабоки богати микро-текстури и живописни комплексни светлосни ефекти. Со Делта Е вредност помала од 1 и JNCD < 0,55 сликите му се најверни на животот, бидејќи Делта Е < 1 генерално се сметаат за незабележливи за човечкото око. Погледнете ја играта како што замислил дизајнерот.

TrueView екран и True Hardware DC Dimming

Осветлување пријатно за око

Екранот TrueView на Black Shark 3 Pro ги прилагодува и осветленоста и топлината на бојата на екранот за да се совпаднат со светлото на околниот амбиент, давајќи ви доследно и пријатно ниво на осветлување. Вистинскиот хардверски DC dimming ги заменува PWM брзите трепкања на светлината до постојано осветлување, при поставки за мала осветленост. Промена на начинот на кој се постигнува ниска осветленост од брзо треперечко светло во бавен пулс на постојана светлина помага да се заштитат очите од сушење и замор и така ве одржува свеж за долг гејмерски маратон.

VDE Certificate

TrueView екран

True Hardware DC Dimming

Стерео звучници со напред насочена симетрија

Слушнете го секој чекор

Слушнете од која насока доаѓа непријателот со горните и долните предни звучници, двојни и целосно симетрични, што ќе ви овозможат да кажете дали непријателскиот играч се приближува од лево или од десно. Звучниците се поставени така што нема да се грижите за блокирање на звукот со рацете додека играте, давајќи ви целосно и извонредно аудио искуство. Верна на традицијата за игри, Black Shark 3 Pro располага со приклучок за слушалки од 3,5 мм, така да можете да ги вклучите слушалките и да и се посветите на играта.



JOYUI 11

(заснован на Android 10)

Дизајниран за гејминг

Врз основа на Андроид 10, целосно новиот JOYUI 11 оперативен систем ги комбинира најдобрите мобилни и гејмерски перформанси за да створи најпрофесионално искуство со игри.

JOYUI 11

Дизајниран за гејминг

Сосема новиот Shark Space има Shark Time, Ludicrous Mode, Gamer Studio и напредни системски прилагодувања за сите вас сериозни играчи.

Систем со тројна камера од 64 MP

Сними го секој миг

Склопот на тројна камера содржи камера од 64MP за подобрен квалитет на фотографијата во светли и темни услови со подобрен HDR, ултра-широкоаголен објектив од 13MP за ултра-широкоаголен режим и камера од 5MP за естетика на замаглувањето со употреба на ефектот Боке. Супер ноќниот режим снима необработени RAW слики за да даде најјасни и најживописни ноќни снимки.

13MP ултра-широкоаголен објектив

отвор на бленда f/2,25

5MP камера за Боке ефект

отвор на бленда f/2.2

64MP супер јасна камера

отвор на бленда f/1,8,
1,6μm 4 во 1 супер пиксел